ЗА НАС

Доо "VALI" е формирана 1990 година со седиште во Битола на улица И.Л.Рибар 31а.

Нашата основна дејност е давање услуги во графичката индустрија, при што сме во можност да обработуваме секаков вид на хартија, картон и микровал со сите можни доработки кои тие ги бараат (перфорирање, лајмовање, шиење, штанцање, пластифицирање, каширање, биговање, рицовање и др).

Во долгогодишниот развој печатница "ВАЛИ" значително го зголеми бројот на вработени, капацитетот и квалитетот на графички машини со што се овозможија услови за професионална, брза и квалитетна услуга на големо задоволство на бројните клиенти.

 

Печатницата ги нуди следните графички производи:

◎ Амбалажа за прехрамбени производи
◎ Етикети и амбалажа за пијалоци
◎ Книги, тетратки,индекси, списанија, брошури,
◎ Рекламен материјал (постери, плакати, флаери, покани, визит-картички, поштенски картички, известувања...)
◎ Корпоративни материјали (календари, каталози)
◎ Книжни признанија и награди (дипломи, пофалници, благодарници...)

Бидете следниот задоволен корисник

Закажи работен состанок.

 

Консултации од тим на професионалци.